Сопругата на Том Хенкс на обожавателите им го даде тел. број: „Испратете ми порака!“ (ВИДЕО)

Времето бавно поминува во карантинот

Пејачката и продуцентка Рита Вилсон (63) и нејзиниот сопруг Том Хенкс (63) се лекуваат од коронавирусот во домашна изолација во Австралија.

И двајцата им соопштија на своите следбеници на Инстаграм дека се чувствуваат добро.

Но Рита отиде чекор подалеку и им го даде телефонскиот број на своите обожаватели во своето видеообраќање на Инстаграм:

Ова е мојот телефонски број (310) 299-9260. Испратете ми порака за да можам да ве известам што правам кога сум во вашиот град (откако ќе можеме да ги напуштиме домовите) и ќе можеме да останеме во контакт.Ќе ви возвратам со СМС порака во догледно време. Исто така, ве молам, испратете ми нови предлози за песна за мојата карантинска топ-листа”, вели Вилсон во видеото.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.