Сопругата на Рафаел Надал не сака да го следи на турнири и не сака да му роди деца: Има силна причина за тоа!

Одлучна е

Рафаел Надал и Чиска Папелјо (32) минатата година се венчаа по 14 години врска, а таа ја одбегнува јавноста и социјалните мрежи

Тенисерот Рафаел Надал (34) секоја победа прво ја прославува со сопругата Чиска Папелјо (32) ако е во публика во моментот, но таа често ги одбегнува светлата на рефлекторите.

Инаку, Марија Франческа Перело, попозната како Чиска, работи во осигурителна компанија и дипломирала претприемништво, а покрај тоа е и проектен директор во фондацијата „Рафаел Надал“ која промовира лична и социјална интеграција и развој на децата и младите преку спортот во Шпанија и во Индија. Според странските медиуми, таа започнала врска со тенисерот во 2005 година, но се познавале многу години претходно.

Свршувачката ја објавиле во јануари 2019, а се венчале во октомври истата година. Имале свадба во дворецот Ла Форталеза на шпанскиот остров Мајорка, каде што се родил Надал. Имале 350 гости, а меѓу нив имало и бројни актери.

https://www.instagram.com/p/B6usohZoj-s/?utm_source=ig_embed

Сопружниците немаат деца, но Рафаел своевремено изјавил дека му се допаѓа да се замислува себеси во улога на татко. Истакнал дека би сакал тој и Чиска да почекаат да му заврши тенисерската кариера за да може целосно да им се посвети на децата.

„Би сакал да имам деца: синови, ќерки… Јас сум личност која сака деца и фамилијарен човек сум“, раскажал тој.

Чиска во едно од ретките интервјуа објаснила зошто одлучила да не доаѓа на повеќето тениски натпревари на својот сопруг. Имено, нагласила дека сака да го сочува нивниот однос и дека не би сакала да му ја наруши концентрацијата следејќи го насекаде.

„Нему му треба простор кога се натпреварува и самата идеја да се провлекувам таму и да чекам за да не му затребам случајно, ме заморува. Тоа би ме гушело и Рафаел би бил загрижен за мене. Кога би го следела насекаде, мислам дека не би се согласувале толку добро“, заклучила таа.

Инаку, Чиска нема профил на социјалните мрежи, а Надал ретко споделува нивни заеднички фотографии.

„Рафа заслужува медиумско внимание, не јас!“: Која е сопругата на славниот тенисер? (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.