„Со поддршката на скопјани, ќе бидам градоначалник каков што градот заслужува“

Одблиску со Данела Арсовска

Зошто го сакате Скопје?

Го сакам Скопје затоа што градот има потенцијал за негување на разновидните култури, уникатните места, природата во околината на градот. Со јасна визија и посветеност ќе го направиме Скопје метропола каква што заслужува да биде.

Дали Скопје е зелен град?

Скопје тоне во сивило, а има потенцијал да биде зелен град.

Што му недостига на Скопје?

Зеленило, повеќе паркови, повеќе детски игралишта, безбедни непрекинати велосипедски патеки, квалитетна патна и сообраќајна инфраструктура, систем за рециклирање и заштита на животната. средина.

Данела во три збора?

Чесна, упорна, вредна.

Кафе или чај?

Кафе.

Велосипед или автомобил?

Пешачење.

Стил на облекување? 

На работа деловно, во слободното време спортски.

Стан или куќа?

Мојот стан од 65 квадрати.

Позитива на денот?

Синот и сопругот.

Што најмногу Ви се допаѓа кај вас?

Упорноста.

Личност на која ѝ се восхитувате?

Сите жени на кои им е кажано дека не можат да ја постигнат својата цел, а успеале во тоа.

Што Ве инспирира?

Инспирацијата е двигател низ животот. Ме инспирираат многу нешта, љубовта кон семејството, пријателите, луѓе кои се силни, луѓе кои се чесни, вредни, луѓе кои веруваат во себе и кои знаат што сакаат, а јас верувам дека сум опкружена токму со такви луѓе, кои ми даваат сила да успеам во се’ што ќе одлучам да реализирам.

Доаѓате на работа и увидувате дека ви испратиле 1.000 мејлови, а можете да одговорите само на 100. кои би ги избрале? 

Би ги прочитала сите, би ги одговорила оние што се приоритетни.

Што Ве радува, а што Ве нервира?

Моментите поминати со моето семејство и пријателите ми се моменти на радост. Ме нервираат состојбите кај нас кои можат лесно да се решат и надминат, а сепак за решенија се чека со години.

Споделете искуство: како се справувате во кризна ситуација?

Јас сум личност која сака однапред да планира, но не секогаш можете да ги предвидите нештата. Во животот се соочив со работи кои никому не ги посакувам, а во својата борба со ракот смирено и одлучно се справив со предизвиците и верував дека можам да победам. Таа битка ја добив и знам дека нема нешто што може да ме спречи да постигнам успех кога ќе се соочам со предизвик.

Ќе победите ли на изборите? 

Да, со поддршката на скопјани, убедена сум дека ќе победам.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.