Смеење до солзи – Викса и Теа Трајковска ја избраа и шестата полуфиналистка во „Заблескај“

Малку музика, малку забава!

Вчеравечер и официјално беше претставена шестата аудиција, односно емисија од првиот круг од музичкото талент шоу „Заблескај“. Победничка беше Александра Трајчевска, а изборот падна на неа откако Теа Трајковска и водителот Викса на крајот од емисијата фрлија паричка затоа што не можеа да се одлучат меѓу неа и Анастасија Филиповска.

Александра живее во Прилеп и оди во средно училиште. Нејзин музички идол е Џеси Џеј, а ги обожава текстовите на Игор Џамбазов. Од „Заблескај“ очекува добра конкуренција и возбудливи нови проекти.

Целата емисија и се она што се случуваше во неа, можете да погледнете во видеото во продолжение:

П.С. Подгответе се за смеење до солзи!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.