Славниот женкар е обвинет дека силувал момче и тоа среде бел ден: Младичот повеќе не е жив, а Фелдман открил ужасни детали

Шок!

Чарли Шин е обвинет дека силувал момче на снимањето на филмот „Лукас“

Нов скандал го потресе Холивуд! Имено, Кори Фелдман јавно изнел страшни обвинувања на сметка на Чарли Шин. Истакнал дека актерот го силувал Кори Хејм на снимањето на филмот „Лукас“ од 1986 година. Меѓутоа, Шин веднаш остро ги демантирал овие шокантни тврдења.

Според медиумите, Шин бил обвинет за силувањето на тогаш 13-годишниот Хејм на снимањето на култниот филм во новиот документарец на Фелдман „Мојата вистина: Силувањето на двајцата Кори“.

„Чарли ме наведна помеѓу две приколки, стави масло на мојот задник и ме силуваше среде бел ден. Секој можеше да помине, секој можеше да го види тоа“, истакнал Фелдман.

Неговата поранешна партнерка Сузана Спраг исто така ги потврдила овие тврдења. Од друга страна, Чарли рекол:

„Овие болни, изопачени и необични обвинувања никогаш не се случиле. Се надевам дека луѓето ќе го земат предвид тоа што мајката на Хејм, Џуди, имаше да го каже“, нагласил тој.

Првите обвинувања за овој одвратен чин се случиле пред пет години, а ги открил Доминик Браш. Тогаш, токму Џуди го одбранила Чарли од обвинувањата.

„Мојот син никогаш го нема спомнато Чарли. Никогаш не сме зборувале за Чарли. Сето тоа беше измислено. Кога мојот син би бил овде да го слушне сето ова, би повратил“, инсистирала таа.

Ни Кори Хејм никогаш не го именувал Чарли Шин како свој силувач додека бил жив, а починал од воспаление на белите дробови на 38 години.

Претставувајќи го документарецот, Фелдман рекол дека не сака да користи вакви чувствителни и тешки работи за да добие публицитет, туку сака да ја искористи својата платформа за да им овозможи на проговорат на оние што немале прилика и можност.

„Најважните теми се оние за коишто најмалку слушате“, рекол тој.

Секако, на оваа тема постојат разни мислења. Се поставува прашањето дали Фелдман воопшто имал право да зборува за сето ова, со оглед на тоа што мајката на Хејм многу се противела на филмот. Исто така, постои и фактот дека Кори никогаш во животот не изнел никакви обвинувања, но и тврдењето дека Фелдман е негов пријател и сакал сѐ да излезе на виделина.

„Не сакав да го правам овој филм. Но ова е животно страдање. Ова буквално се таложеше целиот живот“, ѝ рекол Фелдман на публиката на премиерата.

Како пропадна Чарли Шин: Поради пороците ги изгуби парите, работата, здравјето – сè!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.