Славниот фудбалер Меси вака се ослободува од стресот (ФОТО)

„Уловен“ на нудистичка плажа

Лионел Меси по стресната сезона во која Барселона ја загуби титулата,  призна дека е фрустриран поради лошиот резултат, а тоа се гледало во натпреварите во кои покажал непочитување кон тренерот и неговите помошници.

Затоа одморот многу му е потребен, а папараците го пронајдоа на островот Форментери.

Интересно е тоа што Лео со својата сопруга Антонела и децата, како и со својот соиграч Луис Суарез и неговото семејство, прво посетил нудистичка плажа, а потоа сите заедно се качиле на јахтата и отпловиле.

Папараците успеале да ги фотографираат и да обелоденат како го поминуваат времето таму.

Погледнете ги фотографиите:

 

 

Фото: Getty Images, Profimedia

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.