Славната Шехерезада го покажа вишокот килограми по породувањето: Обожавателите ја искритикуваа (ФОТО)
Турската актерка Бергузар Корел, која својата популарност ја стекна благодарение на улогата на Шехерезада во серијата „1001 ноќ“, пред пет месеци на свет го донесе вториот син. Деновиве, таа и сопругот Халит Ергенч уживаат на семејниот одмор во Турција, а убавата актерка објави неколку фотографии снимени на нивната јахта.
Имено, на фотографиите, Бергузар позира во костим за капење, но голем број нејзини обожаватели ја нападнаа поради вишокот килограми стекнати во бременоста.
За среќа, меѓу нив имаше и такви што ја поддржуваат актерката, порачувајќи:
Во природата на жената е да раѓа и нејзиното тело се менува за време на таа состојба“, е само еден од коментарите за поддршка на Инстаграм.
Фото: Инстаграм