Славната актерка се претворила во вистинска домаќинка: Никој не би ја препознал!

Ужива

Пандемијата на коронавирус ги сопре холивудските филмски продукции, а многу познати актери го чекаат крајот на кризата во своите луксузни домови

Една од најубавите и најбараните актерки во светот Скарлет Јохансон (35) крајот на пандемијата го чека во омиленото летувалиште на богатите Њујорчани, Хемптонс, каде што има куќа.

Времето го поминува со ќерката Дороти Роз, која деновиве слави шести роденден, а вчера биле фотографирани пред супермаркет.

Гламурот од црвениот тепих го заменила со удобна облека и заштитна маска. Долгата руса коса ја врзала во опавче и само ретки купувачи во продавницата ја препознале актерката, која носела и диоптриски очила.

Ќеркичката весело учествувала во купувањето, седејќи во количката која нејзината мајка ја наполнила до врвот. Скарлет носела црн едноделен комбинезон, а гламурозна нота ѝ давала чантичката „Шанел“ која ја носела преку рамо.

Скарлет добила девојче во бракот со Французинот Ромејн Дауријако, а сега е свршена за комичарот Колин Јуст со кого моментално живее на Хемптонс.

Скарлет сепак би можеле наскоро да ја видиме на филмското платно, но и на црвениот тепих, бидејќи за крајот на октомври е закажана премиерата на нејзиниот филм „Црна вдовица“.

Секако дека сè ќе зависи од ситуацијата со епидемијата на коронавирус, поради која датумот од 29 април е поместен за крајот на годината.

Скарлет Јохансон: „Премногу е параноично заради сопственото здравје да се разболам од нарушувања во исхраната“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.