Скандал од невидени размери: Додека Бекер скапува во затвор, неговата бивша се слика гола на јахта со шампањ!

Фотографиите го обиколија светот

Поранешната жена на Борис Бекер не обрнува внимание на јавноста, ги покажала градите на мегдан!

Тенискиот експерт Борис Бекер, поранешниот тренер на легендарниот Новак Ѓоковиќ, отслужува затворска казна од две и пол години поради проневера на пари и затајување даноци. И додека тој е во затвор, неговата, сè уште, законска сопруга Лили Бекер ужива на јахта.

Лили моментално ужива на Ибица, па максимално го користи времето на брод. Папараците ја уловиле додека се бакнувала со својот дечко и наздравувала со шампањ со насмевка на лицето.

Носела едноделен златен костим за капење, но во еден момент го свлекла под градите. Многумина ги зачудил потегот на оваа дама, бидејќи и нејзиниот син бил на јахтата во тој момент.

Иако не може да се негира дека сè уште е многу згодна, многумина ѝ замериле поради слободното однесување, па нејзините фотографии го обиколиле светот. А сите се прашуваат како славниот тенисер реагирал на ова.

Борис и Лили се разделиле во 2018 година, но сè уште не ги потпишале документите за развод. Сепак, поранешните сопружници останале во добри односи, а Лили и јавно го поддржала својот некогашен партнер по пресудата.

„Ова нè засега сите нас. Како што кажавте, имаме големо семејство, заедно сосе семејството во Германија. Сите се држиме заедно, неговата бивша сопруга, децата, неговата сегашна девојка Лилијан. Овде сум за да им покажам на сите дека Борис има исклучително силни жени зад себе, кои нема да зборуваат наместо него, но ќе го штитат“, порачала Лили.

Таа истакнала дека е во добри односи со сегашната девојка на Борис, политичката аналитичарка Лилијан де Карвалјо Монтеироу, иако тие две до скоро биле непријателки.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.