Скандал ја тресе Турција: Моќниот Сулејман поради еден непромислен потег се најде во немилост на јавноста
Откриена е и неговата голема тајна
Турскиот актер Халит Ергенч во својата земја ужива статус на голема ѕвезда, но за пошироката публика е познат по улогата на Сулејман Величествениот. Поради еден непромислен потег, актерот го навлече гневот на јавноста врз себе!
Имено, Халит јавно му искажа поддршка на пријателот и колега Озан Гувен, кого го паметиме како Рустем-паша во серијата „Сулејман Величествениот“. Озан е обвинет дека ја претепал бившата девојка Дениз Булуцуз, а турските медиуми го осудија поради овој потег. На Дениз ѝ биле дијагностицирани модрици, подливи и исеченици.
Како што пренесуваат турските медиуми, двојката била во ресторан таа вечер, а потоа кај пријател, каде што се скарале. Имено, таа зборувала за својот бивши партнер, па Озан побеснел.
View this post on Instagram
Babil.. 3.bölüm hazır efenim,buyrun lütfen.. @babildizi @ayyapim @startv
Откако Халит јавно му искажа поддршка и му порача да се држи во овие тешки мигови и да биде храбар, јавноста му забележи што одлучил, како што велат, да заштити злоставувач и насилник. Сулејман подоцна се обиде да се оправда, но јавноста се потсети на неговите дамки од минатото. Имено, бившата сопруга го обивни Халит за психичко малтретирање.
Покрај тоа, се јави и мајката на неговата бивша сопруга и го нарече насилник.
Тој не може да го контролира гневот и многу е опасен.“
Фото: Инстаграм, Getty Images