СКАНДАЛ! Асап Роки ја прескокна оградата на Мет Гала удирајќи девојка во лице (ВИДЕО)

Неговото однесување ги изненади сите!

Раперот АСАП Роки, момчето на поп-дивата Ријана, се најде во центарот на медиумското внимание поради своето однесување на Мет Гала.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа раперот, облечен во дукс со качулка, како ја прескокнува оградата и се турка со фановите брзајќи да стапне на црвениот тепих, по што подоцна дефилираа светските ѕвезди.

Видеото е снимено пред хотел во Њујорк, каде што се собрала толпа обожаватели, кои нетрпеливо чекале да го видат стајлингот на светските ѕвезди.

Прескокнувајќи ја оградата, Асап удира девојка во лицето, притоа, не извинувајќи се и не застанувајќи да види дали обожавателката е во ред.

Подетално за појавувањето и однесувањето на Асап и Ријана на Мет гала погледнете во видеото.

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.