Сите зборуваат за овој храбар чекор: Јелена Ѓоковиќ ќе направи нешто неверојатно со своето мајчино млеко!

Многу необично!

Нејзината одлука многумина ги инспирирала, но на некои не им се допаднала

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, добила една необична идеја. Имено, таа решиле дека ќе го употреби претходно замрзнатото мајчино млеко за изработка на нови сапуни и козметика.

Јелена на Инстаграм објавила фотографија на која напишала како се одлучила да го направи ова по повеќемесечно отсуство од дома…

„Се вратив дома откако патував неколку месеци и ги најдов овие замрзнати пакувања млеко. Ми требаа денови и ноќи за да го направам ова и не можам да верувам дека не ги искористив. Сега сите велат дека им поминал рокот и дека би требало да ги фрлам, но едноставно не можам. За среќа, сега се охрабрив од идејата да им најдам друга намена – за изработка на сапун, купка или козметика“, напишала Јелена.

 

Оваа нејзина одлука била пренесена и од страна на британските медиуми, а останува да видиме дали сопругата на Ѓоковиќ повторно ќе се огласи во врска со ова прашање.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.