Сите се загрижија за Кејти Холмс поради овие фотографии: Му се вратила на стариот порок?!

Што ѝ се случило?

Новите папарцо-фотографии од славната актерка Кејти Холмс ги загрижија обожавателите

Холивудската актерка Кејти Холмс (42) била фотографирана на улиците во Бруклин во опуштено издание со цигара во рака.

Со оглед на тоа што навикнавме да ја гледаме насмеана и средена, новите фотографии ги изненадија обожавателите.

Кејти за прошетката одбрала тренерка, а на главата имала капа. Меѓутоа, она што сите ги загрижило е нејзиното замислено и тажно лице.

Медиумите пренесуваат дека за кратко време испушила три цигари, а потоа седнала во автомобил.

На ноктите имала лак, кој бил малку оштетен.

Медиумите пренесуваат дека актерката престанала да пуши пред 15 години, кога била бремена, но скорешните слики зборуваат дека сепак му се вратила на тој порок.

Храбар избор или грешка: Кејти Холмс се појавила во фустан кој повеќе открива одошто покрива!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.