Сите годинешни добитници на Оскари: Првпат во историјата победи филм што не е од англиско говорно подрачје!

Список на наградените

Најдобра актерка е Рене Зелвегер, а титулата најдобар актер отиде во рацете на познатиот Џокер

Филмот „Паразит“ на режисерот Бонг Џун-Хоа го освои Оскарот за најдобар филм. Ова е првпат во историјата главната награда на американската Академија за филмски уметности и науки да ја добие странски филм.

„Паразит“ доби уште три Оскари: најдобра режија, најдобар странски филм и најдобро оригинално сценарио.

https://www.instagram.com/p/B8YxdpJHMF1/

Во филмот се работи за нееднаквостите меѓу богатите и сиромашните слоеви на корејското општество, преку две поврзани семејства. Членовите на сиромашното четиричлено семејство со помош на сплетки се вовлекуваат во богатото семејство, претставувајќи се како меѓусебно неповрзани и високо квалификувани поединци, кои се инфилтрираат во домот и се заплеткуваат во неочекувани инциденти.

Наградата за најдобар актер на 92. доделување Оскари ја добил Хоакин Финикс за улогата во „Џокер“, а најдобра актерка е Рене Зелвегер за улогата на Џуди Гарланд. Оскари за споредни улоги добија Бред Пит и Лора Дерн.

https://www.instagram.com/p/B8YoEQRHptv/

Список на добитници на „оскари“

Најдобар филм: „Паразит“

Главна машка улога: Хоакин Финикс („Џокер“)

Главна женска улога: Рене Зелвегер („Џуди“)

Споредна машка улога: Бред Пит („Си беше еднаш во Холивуд“)

Споредна женска улога: Лора Дерн („Брачна приказна“)

Режија: Бонг Џун Хо („Паразит“)

Оригинално сценарио: „Паразит“ (Бонг Џун Хо, Хан Џин Вон)

Адаптирано сценарио: „Зајакот Џоџо“ (Таика Ваитити)

Странски филм: „Паразит“ (Јужна Кореја)

Фотографија: „1917“

Монтажа: „Форд против Ферари“

Сценографија: „Си беше еднаш во Холивуд“

Костимографија: „Малите жени“

Шминка: „Тие се бомби“

Оригинална музика: „Џокер“ (Хилдур Гуонадотир)

Оригинална песна: „(I’m Gonna) Love Me Again“ („Рокетмен“/Елтон Џон)

Звук: „1917“

Монтажа на звук: „Форд против Ферари“

Визуелни ефекти: „1917“

Анимиран филм: „Приказна за играчките 4“

Документарен филм: „Американска фабрика“

Краткометражен документарен филм: „Учејќи да возиш скејтборд во воена зона (ако си девојче)“

Краткометражен игран филм: „Прозорецот на соседот“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.