Синот на Џони Деп има 20 години и ист е како татко му: Го мрази Холивуд и никој ништо не знае за него

Шоу-бизнис

Џек Деп (20) е второто дете на Ванеса Паради и Џони Деп, и нивни единствен син. Но јавноста за него не знае речиси ништо.

Неодамна, папараците го снимија синот на Џони Деп, Џек, и светот остана шокиран од фактот колку многу личи на својот татко. Меѓутоа, за Џек во јавноста скоро и да не знае нешто.

Додека неговата сестра, Лили Роуз е популарна во светот на шоу-бизнисот, нејзиниот брат живее како целосен анонимус.

Иако има 20 години, скоро и да не знаеме со што се занимава и каде живее. Многумина шпекулираат дека е во Франција со својата мајка, со која е неколку пати фатен во прошетка.

Самиот Џон за него еднаш рече:

Мојот син Џек отсекогаш бил многу талентиран уметник. Одлично црта. Одлично се занимава со музика. Има добар слух. Но освен школските претстави, не покажа желба да стане актер“, изјави Џони.

Вистина е дека Џек го презира Холивуд и се’ поврзано со тој свет. Не може да ги поднесе популарноста и скандалите кои се врзуваат за ликот и делото на неговиот татко, па често се крие од јавноста, а кога ќе забележи папараци, обично се крие така што никој не може да го фотографира.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.