Си ја отвори душата и сите ги шокира: „Роднина ме силуваше кога имав 9 години и ме принуди да молчам за сè!“ (ВИДЕО)

Морничаво

Долго молчела за морничавите детали за тешката траума од детството, а сега конечно решила да ја отвори душата и да раскаже сè…

Глорија Естефан, популарната пејачка со кубанско-американско потекло, признала дека била жртва на силување.

Овој сексуален напад го доживеала кога имала само девет години и тоа од страна на член на поширокото семејство, кој бил ценет член на заедницата, а кому нејзиното семејство му верувало.

За овој немил настан и траума од детството, пејачката прозборела во емисијата Red Watch која се емитувала на Фејсбук минатата недела.

„Ми беше семејство, но не и блиско семејство. Беше на моќна позиција и мајка ми запиша во неговото музичко училиште, па тој веднаш почна да ми зборува колку сум талентирана и како треба да обрне посебно внимание на мене“, рекла таа.

„Кога сфатив што се случува и му се заканив дека сè ќе кажам, ми кажа дека не можам да направам ништо, бидејќи татко ми е во Виетнам, а мајка ми ќе ме убие ако кажам некому“, ги раскажала таа потресните детали.

„Полицијата подоцна ѝ кажа на мајка ми дека подобро е да не поднесуваме тужба поради траумата што би можела да ја доживеам од тоа“, додала Глорија Естефан во споменатата емисија.

Јасно е дека тоа што доживеала како 9-годишно девојче, како и годините поминати во молчење за толку стресно искуство оставиле многу психички последици на пејачката, па нејзиното јавно говорење за толку болна тема било навистина храбар потег!

Мајка ѝ била нападната со нож и силувана: Потресна приказна на мисицата, која за малку ќе била дадена на посвојување!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.