Си имал среќно детство ако се сеќаваш на „Бајум бајум“ – белата линија што сите ја мислевме за цртан, но ова е вистината (ВИДЕО)

Носталгија од едно безгрижно време

Култната анимација „La Linea“, позната кај нас како „Бајум бајум“, најпрво била создадена како рекламна анимација, а потоа станала еден од најомилените цртани филмови на генерации деца.

Многумина од оние кои растеа пред телевизорите во поранешна Југославија со насмевка се сеќаваат на „Бајум бајум“ – чудниот лик нацртан со една бела линија и неговите авантури. Кратката мелодија и препознатливиот глас останаа длабоко врежани во сеќавањата на гледачите.

Малкумина знаат дека приказната за белата линија започнала поинаку. Анимацијата „La Linea“ ја создал италијанскиот автор Освалдо Кавандоли во 1969 година како рекламна анимација за италијанска компанија, по што ликот добил сопствена серија која станала светски популарна.

Серијата се издвојувала по едноставната, но генијална идеја – човек создаден од една единствена линија кој постојано се соочува со препреки и комуницира со својот цртач. Токму таа едноставност ја направи препознатлива, а епизодите се емитуваа во голем број земји низ светот.

Денес „Бајум бајум“ останува симбол на едно поедноставно детство, кога неколку минути анимација беа доволни за да донесат огромна радост. За многумина, споменот на белата линија е потсетник на времето кога телевизиските шпици и кратките цртани филмови имаа посебна магија.

printskrin youtube – bejum bajum

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе