Шумахер е свесен: Терапијата дала резултати!

Веста ја потврдила медицинската сестра што го негува

Терапијата со матични клетки во лекувањето на Мајкл Шумахер, која ја спроведе врвниот француски кардиохирург, дала плод.

Имено, странските медиуми пренесуваат дека легендата на Формула 1 е во свесна состојба, пишува „Аваз“.

Да, јас сум задолжена за неговата нега… и можам убедливо да ви кажам дека е свесен“, изјавила медицинската сестра за Le Parisien.

Како што пренесуваат странските медиуми, ова е трепат Шумахер да престојува во оваа болница, а првите двапати бил минатата пролет. Познато е дека во вторникот поранешниот шеф на Шумахер во „Ферари“ го посетил својот близок пријател во париската болница и се задржал кај него 45 минути.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.