Што го натерало Руперт Мердок (91) да се разведе од 26 години помладата сопруга: Вистината е шокантна!

Развод на стари години

Со оглед на тоа што медиумскиот могул има 91 година, сите ги изненади фактот што тој всушност побарал развод од Џери Хол. Она што му пречело во нивниот брак навистина е шокантно

Џери Хол (65) и Руперт Мердок (91) официјално се разведени. Оваа вест пристигна пет недели откако се дозна дека имаат проблеми во рајот.

Руперт е еден од најбогатите луѓе на светот, додека Џери Хол е поранешна манекенка, позната по бурните врски и љубовта со Мик Џегер.

Пред да биде финализиран разводот, Џери Хол побарала од Вишиот суд во Лос Анџелес да го поништи барањето за развод. Во документот се наведува дека разводот треба да се отфрли без разгледување, што значи дека нема да може повторно да се покрене.

Меѓутоа, без оглед на тоа што Џери се жалела, сепак, дошло до развод кога адвокатот ѝ објаснил на поранешната манекенка дека ќе биде згрижена до крајот на животот во финансиска смисла.

Не е познато како медиумскиот могул ја наградил поранешната жена, но се верува дека таа ќе може да живее гламурозно до крајот на животот, без да размислува за финансии.

Адвокатите на Џери Хол навеле дека таа и Руперт останале добри пријатели.

Џери му е четвртата жена на богаташот, а не е познато дали има во план да се жени и петти пат, со оглед на тоа што има склоност кон склопување бракови, а од тоа стравува и целото негово семејство.

Руперт и Џери се венчале во Лондон во март 2016 година, откако биле пет месеци во врска. Организирале скромна церемонија во Спенсер хаус. На Мердок тоа му било четврти брак (сега и четврти развод), додека Џери Хол се немала венчано претходно. Таа била во 22-годишна врска со Мик Џегер со кого има четири деца. Мердок има шест деца од претходните бракови.

Со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриција, се венчал во 1956 година. Двојката се разделила во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се венчал со втората сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која бил во брак 32 години и имале три деца. Се развеле во 1999 година.

На Ана по разводот ѝ припаднале 1,7 милијарди долари, вклучувајќи и 10 милиони долари во кеш. Само 17 дена по разводот, Мердок се оженил со претприемачката Венди Денг, со која бил до 2014 година и со неа добил две деца. Кога се венчале, Мердок имал 68 години, додека Венди имала само 30.

Сепак, Џери е таа која во медиумите е позната како сопругата на Руперт Мердок.

Нејзината најпозната изјава е:

„Мајка ми ме научи како да се задржи маж: мораш да бидеш куќна помошничка во дневната соба, готвачка во кујната и ороспија во спалната соба!“

Мажите ширум планетава губеле глава поради оваа жена: Потоа таа се омажила за богаташ и престанала да се дотерува
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.