„Шоу што го тресеше Скопје!-Балканската Шакира направи невиден спектакл!“

Теа Таировиќ повторно ја распламти салата „Борис Трајковски“ со спектакуларен настап кој уште еднаш ја потврди нејзината доминација на балканската сцена. Концертот го отвори со хитот „Бакшиш“, а публиката веднаш се крена на нозе и ја следеше еуфоријата до самиот крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balkan Media (@balkanmediaproduction)

На социјалните мрежи се појавија десетици видеа од настапот, на кои Теа во провокативни кожни комбинации ја освојува сцената со препознатливата енергија и атрактивна кореографија.

Еден од најемоционалните моменти на вечерта беше кога ја исполни песната на Тоше Проески и заплака пред преполната сала, предизвикувајќи громогласен аплауз.

Публиката дополнително се разнежи кога ја отпеа „Македонско девојче“, појавувајќи се обвиткана во македонското знаме – гест што ја крена атмосферата на уште повисоко ниво.

Исто како и минатата година, и овој пат салата беше целосно исполнета, што само го докажува нејзиниот статус како една од најбараните и најобожувани пејачки на Балканот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balkan Media (@balkanmediaproduction)

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе