Шокантни детали од книгата: Кралицата Елизабета го гаѓала принцот Филип со чевел и со тениски рекет!

Тепачката е снимена со камера!

Иако навидум имаат идиличен брачен живот, зад светлата на рефлекторите и гламурот со кој се опкружени, овој пар не е ништо поинаков од вообичаениот

Британската кралица Елизабета Втора (94) и принцот Филип (99), војводата од Единбург, како и секој друг брак имале брачни немири, но некои караници ескалирале и со физичка пресметка.

Кралската авторка Ингрид Севард во својата најнова книга со име „Откриениот принц Филип“ раскажува дека кралскиот пар во една пригода имал многу бурна расправија.

Во разговорот за Fox News, таа открива дека кралицата Елизабета Втора за време на една кралска турнеја низ Австралија во 1954 година фрлила тениски рекет и чевли кон сопругот. Очигледно таа борба на кралскиот пар ја проследила и филмската екипа, бидејќи снимале документарец, а целата тепачка била снимена со камера.

„Филмската екипа стоела пред малите вили за одмор. Одеднаш го виделе принцот Филип на балкон, а по него прелетале тениски рекет и пар тениски чевли, кои биле фрлени кон неговата глава“, открила Севард.

Кратко по расправијата, кралскиот таен секретар на турнејата веднаш побарал од екипата да прекине со снимање и да им ги дадат видеата, и тие тоа и го направиле. Кралицата исто така лично побарала од очевидците да ѝ простат, кажувајќи им дека тоа се случува во бракот.

Севард исто така додала дека принцот Филип и кралицата Елизабета, иако се лудо вљубени еден во друг, имале и свои горчливи моменти.

„Не е лесно да се постигне брачно совршенство кога живеете под лупата на јавноста, а секој потег го набљудува целата нација“, објаснила Севард, додавајќи дека на Елизабет и на Филип им успеало тоа.

Инаку, споменатата книга ја разгледува кралската кариера на принц Филип, еден од принцовите со најдолг стаж во историјата на британската монархија. Книгата зборува за неколку аспекти од неговиот живот, вклучувајќи го и најновиот скандал „мегзит“, со кој се соочило кралското семејство.

Парот последниве години живее на одвоени имоти.

Принцот Филип сега се повлекол од работното место, одлучувајќи да ги помине последните денови во селската куќа сместена во осамен агол на имотот Сандрингам во Норфолк, Англија, далеку од Бакингемската палата.

Кралицата Елизабета продолжува со својата работа и на 94 години.

Шок во британското кралско семејство: Испливала последната желба на кралицата Елизабета Втора?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.