Шокантна снимка од концертот: Пејачката не изгледа добро (ВИДЕО)

„Болна сум“

Фото: Инстаграм

Откако Бритни Спирс првпат во последниве две години му се обрати на судот и побара да се укине старателството што нејзиниот татко Џејми и адвокатот Ендру Волет го имаат над неа, на Интернет почна да кружи снимка од нејзиниот концерт во 2018 година, која ги шокира обожавателите.

Видеото го објавил на Твитер извесен Закари Гордон и објаснил дека е снимена во Антлантик Сити за време на нејзината турнеја Piece of Me.

Видеото ја прикажува пејачката како го поздравува обожавателот што излегува на сцената од публиката, а потоа го предупредува да биде внимателен затоа што е „многу топло“ на сцената.

Мислам дека ќе се онесвестам. Болна сум, имам температура 39“, се слуша како му зборува.

Потоа го прашува мажот како се вика и продолжува да танцува со него, како вистинска професионалка, и покрај лошата здравствена состојба.

Потсетуваме, Бритни последниве 13 години е под конзерваторски надзор, што ја спречува да донесува големи одлуки за сопствениот живот (личен и финансиски) и сите одлуки наместо неа ги донесуваат таткото и адвокатот. Одлуката за тоа е донесена откако бритни во 2008 година доживеа нервен слом во јавноста и требаше да биде на сила до април минатата година, но продолжена е и на оваа година.

Видео: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.