Шерон Стоун (63) во врска со раперот РМР (25): Не постои побизарна двојка!

Се шушка

Актерката ужива во врската со младиот рапер чие име всушност е непознато за јавноста

Актерката Шерон Стоун (63) важи за една од најпаметните дами во Холивуд. Позната е и по тоа што го одржува телото во совршена кондиција. Неодамна ги сподели своите правила за вита фигура и затегнато лице, но сепак и тогаш премолче важен факт – љубовта.

Имено, се шушка дека веќе со месеци е во врска со младиот рапер РМР, кој има 25 години, а чиј имиџ е по малку бизарен. Тој во јавност се појавува со маска за скијање на лицето и со заби покриени со златни навлаки.

Озборувањата дека се во врска ги поттикна и најновата фотографија на која раперот ја прегрнува Шерон. Двојката на концертот на раперот Дрејк танцувала во ритамот на хип-хоп, а РМР изјавил дека Шерон е неверојатно кул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MADE nightlife (@madenightlife)

„За сега им одговара да се дружат на ваков начин. Излегуваат заедно и одлично си поминуваат“, открил извор близок на двојката.

Шерон Стоун (63) без срам шета во бикини: За да има вакво тело, таа се откажува од ОВА!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.