Северина се соблече во знак на поддршка на Џо Бајден! (ФОТО)

Згодна

Единствениот маж што го следи на Инстаграм е нејзиниот маж

Од денес САД имаат нов претседател – Џо Бајден. Последниот ден на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа истече и сега во неа ќе се всели новиот претседател со своето семејство.

Поддршка на Бајден ми изрази и Северина со фотки на кои позира во костим за капење со принт на американското знаме. И предизвика лавина од коментари на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Имено, поддржувачите на Доналд Трамп ја „потсетија“ дека тој е единствениот американски претседател што не ја турнал земјата во војна за време на својот мандат, додека, пак, приврзаниците на демократите го поздравија овој нејзин потег.

А вљубениците во нејзиниот лик и дело ја нарекоа „прва дама на Балканот“, на која ни Меланија Трамп не ѝ е до колена.

Дали е така, проценете сами:

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Инаку, додека сите ја разведуваат од Игор Којиќ, Северина го следи само него на Инстаграм, додека, пак, неа ја следат над 1,3 милиони луѓе. Интересно, нели?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.