Северина пцуе и мака мачи пред концертот, а Бед Стеф не престанува да ѝ вика: „WOW!“ (ВИДЕО)

Пред публиката да ја види на сцената, вистинско шоу се случува зад камерите!

Хрватската музичка ѕвезда Северина објави урнебесно видео на својот инстаграм-профил, откривајќи како изгледаат подготовките непосредно пред нејзините концерти.

Во главната улога, покрај Северина, се најде и познатиот македонски фотограф Стефан Гавриловски – Bad Stef, човекот кој со години соработува со бројни регионални и светски ѕвезди.

Ајме тебе, па пред секој концерт се собира мала група фотографи и видеомајстори за да го одработиме концертот пред концертот, или како што би рекол Bad Stef – шоу пред шоуто“, напиша Северина покрај видеото.

На снимката може да се види како пејачката трпеливо позира додека фотографот бараат нови агли, нови пози и совршен кадар. Во еден момент се слушаат инструкции од типот: „Ајде малку лево, ајде малку десно“, а потоа и легендарното:

Исфрли ги клучните коски!“

Токму тоа ја насмеа и самата Северина.

Клучни коски? Чуј, клучни коски… Каде да ги исфрлам?“, се пошегува таа.

Во текот на целото видео, Bad Stef не престанува да ја бодри со неговото препознатливо „WOW!“, кое предизвика лавина реакции кај следбениците. Атмосферата дополнително се вжештува кога Северина во еден момент низ смеа извикува „Јебем му миша!“, очигледно изморена од бескрајното позирање и повторување на истите движења.

Но, тука не завршуваат нејзините „маки“. За подобро да влезе во ритам и да добие инспирација за позирањето, таа бара од својата асистентка веднаш да пушти музика.

Миа, ајде пушти нешто!“, вели Северина, по што снимањето продолжува во уште подинамична атмосфера.

Иако на шега се пожали на напорниот процес, пејачката на крајот признава дека сето тоа е дел од работата.

И така конечно одам на концерт… ама се преживува. Како? Не се знае“, напиша таа во описот на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Видеото за кратко време собра илјадници лајкови и коментари, а фановите едногласно заклучија дека Северина и кога се подготвува за настап успева да направи вистинско шоу. А судејќи според реакциите, комбинацијата од нејзиниот шарм и ентузијастичните „WOW“-коментари на Bad Stef е добитна формула која никому не му здодева.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе