Северина поднела жалба на пресудата со која ѝ е одземено старателството над синот: Откриени се нејзините аргументи?

Направени низа неправилности?!

Како што пренесува „Јутарњи лист“, адвокатскиот тим на Северина Којиќ поднел жалба на привремената судска одлука старателството над нејзиниот син Александар (7) да му припадне на таткото на момчето Милан Поповиќ.

Адвокатскиот тим на пејачката не сакал да зборува за деталите, но споменатиот весник неофицијално открива што пишува во жалбата.

Во средата е поднесена жалба на 20-тина страници во која е наведено дека судот одлучил каде ќе живее детето без да го земе предвид фактот дека детето има право да знае каде ќе живее“, пренесува весникот и додава дека, според Конвенцијата на ОН за правата на детето, момченцето би требало да „се праша за мислење“ пренесува mondo.rs.

Според написот во овој медиум, утврдена е цела низа погрешни факти и одлуки кои се неосновани, наводно пишува во жалбата.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.