Северина падна во сериозна криза: Се „дави“ во долгови!

Еве зошто...

Северина Којиќ повторно зеде кредит, овој пат во износ од 70.000 евра, кој планира да го вложи во турнејата.

Ова е вторпат годинава пејачката да побара финансиска поддршка од банката, од која веќе позајми 100.000 евра за да го плати новиот албум. Во двата случаја заложи стан, прво оној во Загреб, во кој живее, а сега и во родниот Сплит.

 

Хрватската ѕвезда смета дека регионалната турнеја би можела да ја вивне на врвот на музичката сцена, па ангажира тим соработници и почна со подготовките, а паричните проблеми ги реши со кредитот.

Организирањето на турнејата е скапо и чини повеќе од 100.000 евра. Еден дел од парите ги поседуваше, а остатокот од 70.000 евра го позајми од банката. Станува збор за истата банка која во почеток на годинава и’ одобри кредит од 100.000 евра за издавање на албумот. Факт е дека во почетокот на летото имаше проблеми со исплаќање на ратите, па и’ се закануваше активација на хипотеката за станот, кој чини 300.000 евра, но успеа да се снајде. Кредиот го рефинансира и засега се’ оди добро. Ратата и понатаму и’ изнесува 7.000 евра месечно, но продолжен и’ е рокот за отплата за уште една година“, открива за српски „Курир“ извор близок на Северина.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.