Северина објави потресно видео: „Не му дозволи на моето дете да ми мафне од балконот или вратата“
Кога срцето боли
Северина Којиќ на својот инстаграм-профил објави видео снимено пред влезот на зградата во која живее Милан Поповиќ, таткото и старател на нејзиниот син Александар.
Имено, поп-пејачката во видеото кажува дека српскиот бизнисмен не ја пушта да си го види детето поради тоа што прогласил самоизолација поради недоамнешно патување за кое не ја известил.
Дојдов во Србија, затоа што таткото на мојот син реши да ја помине целата недела овде, а за да го видам мојот син барем во судските термини, во вторник и четврток од 15 до 20 часот, како и следниот викенд од сабота кој е мој. Се согласив, не сакајќи понатамошни проблеми, затоа што постојано трпам закани, обвиненија поднесени од разни таблоиди.
Од саботата чекам и се молам да го видам 8-годишното дете, кое цели 5 дена не ја видело својата мајка. Не ми дозволи во саботата, рече дека во неделата е со братучедите, за да ми го даде во понеделник.
Потоа вчера се предомисли. И, кога конечно дојде денес, денот кога не плачам, наместо да го гушнам моето родено дете, татко му самопрогласи самоизолација на Александар и самиот себе, поради неговото патување во Австрија на 7 и 8 март, кое тој никогаш не ми го пријавил.
Бидејќи двапати сум била со мојот син оттогаш, го предупредив за тоа и за судската одлука. И дојдов на неговата адреса во Белград, но не можев подалеку од влезната врата. Тој дури и не му дозволи на моето дете да ми мафне од балконот или вратата“, напиша Северина во описот на објавеното видео.
Фото: Инстаграм