Северина Којиќ: „Александар секогаш ми вели – мамо, многу сакам да заспијам покрај твојата миризлива коса“

Пејачката Северина Којиќ минатиот четврток, по судската одлука старателството над детето да му припадне на нејзиниот бивши партнер, му го предаде синот Александар на неговиот татко Милан Поповиќ.

Оттогаш, медиумите во регионот не престануваат да известуваат за овој случај.

Пејачката за Gloria.hr напиша текст во кој раскажа како се чувствувала минатата сабота…

Се будам во 5:37, сабота е. Сопругот ми вели – поспиј уште малку. Го бакнувам и велам – а не, мора да ја измијам косата, ни доаѓа тпј. Александар секогаш ми вели – мамо, колку сакам да заспијам покрај твојата миризлива коса и затоа што си топла и мека… Ја сушам косата и се гледам, а во огледалото гледам жена што ми вели: „Исуши ја косата, нашминкај се и облечи го фустанот што го сака тој. Ти доаѓа тој. Ми доаѓа синот во 10 часот. И моите мисли од претходно се распрснуваат бидејќи тој се претвора во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во него.

Односот со нејзиниот син е идентичен со односот што пејачката го имала со својата мајка.

Ми се јавува мајка ми во 7.15 ч, и вреска на далматински – алооо, и јас ќе дојдам од Сплит. Ми доаѓа и мајка ми, на мојата среќа и’ нема крај. Отсекогаш знаеше кога и на кој начин и’ требам. Кога ја немаше дома, мислев дека тогаш куќете е без срце. Се чудев како ми го подава марамчето пред да кивнам, знаеше кога ќе се разболам и според начинот на кој ѕвонев знаеше каква оценка сум добила на училиште. Мислев дека има посебни моќи. Сега, кога сум мајка, знам како знаела. Едноставно знаеш“, раскажа Северина за Gloria.hr.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.