Северина и Игор не се срамат, а сигурни сме дека нејзините колеги никогаш не би го направиле ова (ФОТО)

Фото: ATA IMAGES

Северина Којиќ на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира со сопругот Игор Којиќ и на прв поглед, би се рекло дека на неа нема нешто необично. Меѓутоа, бидејќи на обожавателите не може да им „избега“ нешто, тие се впоодушевија две работи.

Првата е што Северина го покажа лицето без шминка, што е вистинска реткост, а втората е што фотографијата е снимена додека популарната двојка се возела во јавен превоз, поточно во автобус.

И за само два часа по објавувањето, ја лајкуваа десетина илјади следбеници, а во коментарите се најдоа и голем број комплименти. Имено, многумина се прашуваат како Северина успева да изгледа толку младо, но и Игор доби голем број комплименти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.