Северина барала „горили“ да ја чуваат од публиката: Не сакала никаков контакт со обожавателите

Бесмислени причини за да земе 20.000 евра

Хрватската пејачка Северина Којиќ по една година повторно настапи во Србија, а за да се случи тоа, имала многу услови.

Имено, таа вчеравечер настапи на Меѓународниот карневал во Врњачка Бања и побарала голем број телохранители кои би спечиле секаков контакт со публиката.

За го одржи концертот, Северина им постави неколку услови на организаторите, меѓу кои и да има телохранители. Побарала ‘горилите’ да ја следат во чекор и да не дозволат некој да и’ пријде додека престојува во Врњачка Бања. Како една од причините поради кои не сака да и’ се добличуваат луѓето го наведе стравот од коронавирусот, иако е вакцинирана“, открива добро информиран извор за „Ало.рс“.

Пејачката исто така побарала да не и’ приоѓа никој од припадниците на „седмата сила“.

Иако по една година доаѓа во Србија, кажа дека не сака да дава изјави за медиумите. Практиката е пејачите да одржат прес-конференција пред настапот, но таа соопшти дека нема време за тоа затоа што доцна ќе пристигне во градот. Повтори дека сака да одржува растојание поради короната. Останува да видиме дали ќе се предомисли или ќе продолжи да се однесува како разгалена ѕвезда кон организаторите и обожавателите“, открива изворот, кој додаде дека пејачката и минатата година настапила на овој фестивал.

 

Којиќ лани зеде 20.000 евра за овој настап, а толку побара и сега. Тогаш направи одлична атмосфера, па организаторите одлучија повторно да ја ангажираат, иако многу бара кога станува збор за условите што мора да се исполнат“, истакнува изворот за „ало.рс“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.