Сестрите Кардашијан исмеани на сцената: Срам на доделувањето на престижните награди

Поради нивниот говор, цела сала гласно се смееше

Сестрите Ким Кардашијан и Кендал Џенер се појави на вчерашното доделување на престижните награди „еми“ во улога на презентерки на категоријата „најдобра ријалити-серија“.

Говорот што го одржаа во таа пригода е топ-тема на Твитер и во светските медиуми.

Нашето семејство најдобро знае дека убедлива ТВ-содржина произлегува од реални луѓе, кои пред камерите се однесуваат како и во реалноста“, почна Ким, на што се надоврза Кендал: „Тие ги раскажуваат своите приказни без филтри и сценарија.“

Публиката токму на овие зборови почна гласно да се смее, што предизвика непријатност кај популарните сестри, која јасно се гледаше на нивните лица. Сосема очекувано, твитерџиите целата ситуација ја дочекаа со „раширени раце“ и ја „запалија“ популарната социјална мрежа со своите твитови…

Фото: Твитер, Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.