„Секој твој роденден, Тоше, наша е воздишка!“ Сестрата на Тоше Проески се огласи на социјалните мрежи по повод неговиот роденден (ФОТО)

Непребол

Да беше сè уште меѓу нас, Тоше Проески денес ќе наполнеше 42 години.

Славниот пејач Тоше Проески денес ќе наполнеше 42 години доколку не се слуќеше ужасната сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, во која го загуби животот.

Станува збор за една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, на која е доживуван како заштитен знак на нашата земја.

Посмртно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Неговата сестра Дора Проеска денес направи торта за својот непрежален брат, во чест на неговиот роденден. Фотографијата од тортата ја објави на својот фејсбук-профил, а набрзо беше споделена од страна на пејачката и водителка Сузана Турунџиева.

Секој твој роденден, Тоше, наша е воздишка, е напишано на прекрасната торта, над која стои фотографија од нашиот ангел.

И, навистина, армијата луѓе што го скаат и почитуваат неговиот лик и дело воздивнуваат денес, но и секогаш кога ќе помислат на Тоше Проески.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.