Сека Алексиќ: „Се ужаснувам од родителите што децата ги делат на момчиња и на девојчиња“
Вториот син пристигнува во февруари
Сека Алексиќ (38) и Вељко Пиљикиќ (36) во февруари идната година на свет ќе го донесат својот втор син Исак, со што нивниот Јаков, роден во 2015 година, веќе нема да биде единец. На прашањето дали е разочарана што повторно ќе роди син, земајќи предвид дека во неколку интервјуа изјави дека посакува девојче, популарната пејачка одговори:
Се ужаснувам од родителите што децата ги делат на момчиња и на девојчиња. Треба да сме благодарни што Бог ни подарил здраво дете, а полот воопшто не е важен. Вељко и јас му се радуваме на Исак исто како што му се радувавме на Јаков. Едвај чекам да го земам во рацете и да го ставам на градите.“
На прашањето дали нејзиниот сопруг, поранешен кикс-боксер, ќе присуствува на породувањето, Сека одговори потврдно.
Се разбира, како и првиот пат. Тогаш снимаше се’, ме држеше за рака и ме бодреше.“
Пејачката откри и во колкава мера нејзиниот сопруг и’ помогнал да ги достаса приоритетите.
Тој многу влијаеше на мојот духовен пат, ми помогна да ги препознаам вистинските вредности. Затоа го сакам и бескрајно сум му благодарна.“
Фото: Инстаграм