Се вљубил во неа кога влегла во неговиот бар: Љубовната приказна и семејниот живот на познатиот Ѕверка!
Крис Нот
Крис Нот е воодушевен што уште еднаш станал татко
Актерот Крис Нот (65) оваа година ужива во неизмерна среќа, иако целиот свет се наоѓа во многу тешка ситуација. Популарниот актер од серијата „Сексот и градот“ кон крајот на февруари станал татко на уште едно момче. Ѕверка со 27 години помладата сопруга Тара Вилсон добил син кому пресреќните родители му го дале името Китс.
„Директно од небото пристигна нашиот втор син Китс“, напишал тогаш Ѕверка воодушевено на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram
Down from the heavens comes our second son- Keats! “ A thing of beauty is a joy forever”
Потоа се случила вонредната состојба и изолација во која актерот Крис Нот уживал повеќе од сите останати.
Љубовната приказна на Крис и на неговата сопруга на многумина им личела на филмско сценарио. Се запознале случајно во Њујорк кога Тара дошла во неговиот бар да бара работа. Веднаш се вработила како келнерка, а на Крис му се допаднала на прв поглед. Се венчале на Хаваите по три години веридба и десет години врска.
Крис често покажува колку е воодушевен од синот и на социјалните мрежи. Малото момче има потемна кожа како мајка му, а фотографиите се доказ колку е слатко!
„Како вие го поминувате времето деновиве“, напишал популарниот Ѕверка на својот профил на Инстаграм, покажувајќи како ужива со штотуку родениот син.
Актерот Крис Нот објавил и најнова фотографија со синот, поттикнат од бројните конфликти во светот како последица на расизмот.
„Мојот син е микс на многу раси. Ајде на овие нови генерации во Америка да им оставиме таква иднина, за да можат да живеат во неа на мира“, порачал Крис.
View this post on Instagram
Покрај поддршка, фотографијата на таткото и синот добила и еден куп лајкови и коментари од воодушевените следбеници.