Македонската инфлуенсерка Ева Јовановска, попозната како Евче, гостуваше во емисија со полиграф каде што без двоумење одговори на низа лични прашања, а најголемо внимание предизвика нејзиното признание за поранешната љубов со тиктокерот Александар Динев.
На прашањето дали сè уште е заљубена, Евче искрено призна дека чувствата не исчезнале.
„Да. Сметам дека љубовта не исчезнува така лесно и ќе треба време дали ќе исчезне или ќе премине во некоја друга форма. Би излажала ако кажам дека не сум сè уште заљубена“, откри таа.
Следуваше и прашањето дали врската со Александар Динев била само добар маркетиншки потег, со оглед на тоа што двајцата пред еден месец објавија дека ставиле крај на љубовната приказна.
„Не. Луѓето што ме познаваат приватно најдобро знаат дека врската беше реална и најубавата врска во која сум била досега“, одговори инфлуенсерката, а полиграфот покажа дека кажува вистина.
View this post on Instagram
Ева проговори и за улогата што Александар ја имал во нејзиниот професионален развој, признавајќи дека токму тој ја охрабрил да почне да создава содржини за социјалните мрежи.
„Многу ми помогна. Тој е личноста што ме поттикна да верувам во себе и да почнам да снимам. Но, трудот го вложив јас. Ако не сакав и не се трудев, немаше да го постигнам тоа што го имам денес. Имам уште многу цели, но секогаш ќе му бидам благодарна што беше покрај мене и ми помогна“, изјави Јовановска.
Фото: Инстаграм Принтскрин