Се шушка дека му родила близнаци на претседателот, па исчезнала без трага: Каде е денес актерката што ја обожававме во 1990-тите?

Позната е по теленовелите

Адел била многу популарна во Мексико, а благодарение на сериите, и во светот. Ја паметиме по улогите во сериите „Марија Изабела“, „Право на љубов“ и „Извор“, а еве каква е нејзината животна приказна

Адел Нориега беше една од омилените мексикански актерки на почетокот на 1990-тите години. Ја гледавме во сериите „Право на љубов“, „Извор“, „Марија Изабела“ и други.


Адел имала само 12 години кога нејзиниот талент бил препознаен од страна на агент во еден трговски центар додека се шетала со мајка ѝ. Веднаш била ангажирана во светот на модата, а набрзо почнала да работи и како актерка. Си нижеле разни театарски улоги, но телевизиските серии ѝ обезбедиле светска слава. Мексиканските серии во кои играла главна улога се разликувале од дотогашните. Имено, во една од нив играла лик на млада бунтовничка која се соочува со дрога и проституција. Тоа било многу поучно во Мексико, со оглед на тоа што државата тогаш била преполна со криминал.

Во екот на нејзината популарност почнало да се шушка дела била во врска со поранешниот претседател на Мексико, Карлос Салинас, кому наводно му родила син, а потоа и близнаци. Меѓутоа, тие тврдења не ги потврдиле ниту демантирале ни Адел ни тогашниот претседател.

Пред 13 години оваа актерка целосно се повлекла од сцената и од јавниот живот. Со самото тоа што така ненадејно исчезнала, нејзиното име е обвиено со превез од тајни.

Иако постојат неколку инстаграм и фејсбук-профили со нејзиното име, никој не знае како изгледа актерката денес и каде живее.

Од миленичка на нацијата до растурачка на бракови: Многумина се прашуваат како е возможно да не старее
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.