Се појави видео на кое се гледа ЛИЦЕТО НА МОНИКА БЕЛУЧИ одблиску со минимална шминка и сега на сите им е јасно дали направила ПЛАСТИЧНА ОПЕРАЦИЈА

Актерката негира

Моника Белучи (58) сè уште важи за една од најубавите жени во светот. На една од нејзините фан-страници на Инстаграм, објавена е снимка од нејзиното појавување во француското шоу Passage des arts, каде што славната актерка се појавила во сосема природно издание.

Моника Белучи е една од ретките во шоубизнисот која нема направено козметички корекции и често се појавува во јавноста со минимална шминка, а тоа беше случај и неодамна во Франција.

Популарната актерка предизвика воодушевување кај обожавателите, па ја посипуваа со комплименти.

Моника е толку елегантна“, „Нежна, мирна, природна, нежна, единствена жена“, „Моника, ти си скапоцена и прекрасна жена“, „Многу убава дама, која прекрасно старее“, „Величенствена и убава жена“, се само неколку од коментарите.

Моника еднаш го коментираше изгледот и стареењето за Sunday Times Style.

Не сум опседната со младешкиот изглед. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш премногу слаба, таква е мојата природа. Сакам природно да стареам. Кога ќе наполниш 50, се разбира дека ги немаш истите потреби како на 20 години. Годините ни даваат поинаква перспектива, рече Белучи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.