Еј Џеј Џонсон има 33 години и тој е третото дете на Меџик Џонсон, славниот кошаркар
Последниве години се шират разни гласини за Еј Џеј Џонсон, средното дете на кошаркарот Меџик Џонсон. Еј Џеј е геј маж кој неодамна изјавил дека веќе не го интересира мислењето на другите луѓе, бидејќи тој знае кој е и што е.
Меѓутоа, потпомогнато од вештачката интелигенција, на Интернет се шири видео според кое Еј Џеј се коцка, па за една вечер во казино, го прокоцкал накитот на мајка му и вилите во кои живее. Наводно, тој му е лут на татко му, кој во 2024 година во тестаментот навел дека парите ги донира во хуманитарни организации.
Но ништо од тоа не е точно. Еј Џеј само им е трн в око на многумина поради својот раскошен начин на живот.
View this post on Instagram
Како Еј Џеј Џонсон живее денес?
Кариерата ја започнал во реалното шоу „Богатите деца од Беверли Хилс“, а потоа го позајмувал гласот на анимирани лоикови. Татко му, Меџик Џонсон, е горд на својот син што успеал самиот да изгради кариера.
„Многу млади луѓе му се јавуваат и го прашуваат: ‘Како призна дека си геј?’ или ‘Можеш ли да ми помогнеш? Им немам кажано на родителите’ и човече, тој им дава толку многу одлични совети“, гордо раскажал татко му Меџик Џонсон пред неколку години.
Меџик Џонсон отворено кажал колку е горд на својот син Еј Џеј Џонсон, поради тоа што ја живее својата вистина како геј маж. И покрај првични борби да ги приспособи своите очекувања, Меџис сега комплетно го поддржува Еј Џеј, се залага за безусловна љубов кон децата и им се воодушевува на кариерата и храброста на синот.
View this post on Instagram
Женска гардероба и контроверзен стил
Еј Џеј Џонсон гордо парадира низ светот облечен во провокативни женски здолништа и фустани. Тој обожава да ги покажува деколтето, нозете, голиот стомак… Висината ја наследил од татко му, а кога ќе застане на потпетици, надминува 2 метра.
Со години се борел со вишокот килограми, па направил операција за намалување на желудникот, поради што многу ослабел. Денес се гордее на своето вито тело и со задоволство го покажува.
View this post on Instagram
И покрај сè – нема дечко
Иако јавно признал дека е геј уште во 2013 година, Еј Џеј Џонсон нема дечко. Вели дека тешко му е да најде партнер, бидејќи сите сакаат да бидат со него поради тоа што му е син на Меџик Џонсон, а не поради него.
Досега ниту еден дечко го нема запознаено со семејството.
ФОТО: Инстаграм