Саша Поповиќ ѝ кажа дека итно треба да ослаби, па Ивона Јо симна 50 килограми –  „Можам да поднесам сè!“

Фото: Bad Steff Срефан Соколовски

Многубројни талентирани пејачи си ја пробаа среќата во добро познатиот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Некои ги исполнија своите соништа и изградија сериозни кариери благодарение на споменатиот музички натпревар.

Една од нив е Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо. Немаше среќа во натпреварот, но затоа за кратко време направи вистински бум на македонскиот пазар!

Ивона на натпреварот се појави како девојка полна со енергија, енергичност, но физичкиот изглед ја спречи да напредува.

Саша Поповиќ во една пригода и рекол дека мора итно да ослаби, а таа го послуша. Па така, Ивона направи операција на желудникот и до денес симна 50 килограми, на општо изненадување, а имаше и огромна поддршка, така што успехот не изостана, бидејќи сега е вистинска бомба.

Благодарение на операцијата на желудникот, пејачката со моќен вокал буквално се преполови и на тој начин охрабри многу жени дека се може да сè кога се сака. Таа не само што ги забавува и ги радува луѓето со своите гласовни способности, туку и им одговара на луѓето на социјалните мрежи, им дава совети и го споделува своето искуство за интервенцијата.

Чекав да се поклопат сите коцки и сигурна сум дека дојде тој момент. Музиката е мојот живот и имам преголеми очекувања. Свесна сум за моите можности, храброст и борбеност. Свесна сум дека јавната сцена е преполна, но се најдов во неа. Можам да трпам сè. Повторувам, заради музиката сум подготвена на сè – пејачката кратко изјави за медиумите дека објавила и нова песна на која е многу горда, бидејќи текстот има емотивна лекција, а многумина сметаат дека е „тежок“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.