Сара Сурлаџиоска е девојката која што ќе сними дует со Елена Ристеска – Младата прилепчанка ја однесе победата во „Заблескај“

Ја наежи цела сала со својата маестрална изведба на Селин Дион

Во петокот имавте прилика да го гледате финалето на првото издание на музичкото шоу “Заблескај”, каде Македонија доби уште една музичка ѕвезда.

Нејзиното име и презиме е Сара Сурлаџиоска од Прилеп, која победи во конкуренција од преку стотина пријавени натпреварувачи.

Таа го освои првото место, а за неа гласаа повеќечленото стручно жири составено од Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Антониа Гиговска, Вера Милошевска од „Љубојна”, познатиот стилист Даниел Николовски и новинарот Антонио Димитриевски.

Талентираната Сара го освои првото место, а со тоа ја освои главната награда, а тоа е снимање дует со познатата пејачка Елена Ристеска.

Финалето беше возбудливо, секој од натпреварувачите се потрудил да се покаже во најдобро светло, но се разбира, на крајот мора да има само еден победник. Со оглед на бројот на пријавени кандидати, факт е дека во нашата земја недостигаше еден ваков музички избор, каде што тие ќе ја добијат својата шанса да бидат видени и слушнати од поширокиот аудиториум.

Инаку музичкото шоу „Заблескај” беше во организација на компанијата „Колор медиа плус” и магазинот „Убавина и здравје”.

Десетте финалисти, кои се претставија во големото финале, претходно беа избрани од страна на пејачката Елена Ристеска, која во консултација со композиторот Иван Јованов го даде последниот збор.

Главен спонзор на настанот е „Орбит“, а рефреш-партнер е „Франк кафе“. Полуфиналната и финална вечер се одржаа во киното „Синеплекс“, а беа прикажани на телевизијата „Телма“.

Во продолжение, погледнете дел од фотографиите снимени на големата финална вечер:

Доколку ја пропуштивте полуфиналната вечер, еве мало потсетување како изгледаше:

Фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.