Само си легнала и не се разбудила: Инфлуенсерката пронајдена мртва по долгата борба со анорексијата

Инстаграм-инфлуенсерката што се прослави поради својата јавна борба против анорексијата почина во 24-та година.

За Германката Јоси Марија се слушна кога проговори за проблемите што ги има во исхраната и за тоа во колкава мера ѝ е уништено здравјето, но нејзиниот организам веќе бил многу измачен од анорексијата така што не издржа и ја загуби битката со оваа болест.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josi Maria ♡ (@josimariaxx)

Јоси ја следеа 145.000 луѓе на Инстаграм, со кои го споделуваше искуството со постојаната борба, а почина во текот на одморот на кој отиде со својата пријателка, која раскажа дека Јоси се изморила уште за време на летот.

Едвај испи само две кафиња, покрај тоа, ми кажа дека два дена претходно не можела ништо да јаде“, раскажа пријателката Вања Росова за германскиот DE24 News.

Јоси имаше голема поддршка од онлајн-заедницата бидејќи отворено зборуваше за тоа дека безуспешно се обидува да се избори со анорексијата и на тој начин ги мотивира другите што се мачат со нарушување во исхраната.

Не се сликам и не ја објавувам фотографијата затоа што сакам и другите да изгледаат како мене, туку затоа што сум на патување на кое би сакала да ми се придружат и другите. Сакам со вас да го споделам своите размислувања и дека упорно се борам со анорексијата“, меѓу другото, Јоси порача на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josi Maria ♡ (@josimariaxx)

Од нарушувања во исхраната страдаат околу 9 проценти од вкупната светска популација и се сметаат за едни од најопасните ментални заболувања кои носат најмногу жртви веднаш по зависноста од опијати.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.