Сајентологијата му ги дала сите овластувања на актерот: „Ако сака, Џон Траволта може да убие кого било – сектата ќе го прикрие тоа!“

Се шушка

Познатата актерка Лија Ремини ги открила сите тајни на Сајентолошката црква, но и на актерот Џон Траволта кој припаѓа на повисокиот ранг во оваа секта

Лија Ремини ја напуштила сајентолошката црква во јули 2013 година. Тогаш напишала и биографска книга, но и започнала подкаст со поранешниот сајентолог Мајк Риндер, со наслов „Сајентологија: Фер игра“.

Во таа пригода, актерката открила дека најголема моќ во таа заедница/секта има актерот Џон Траволта.

Лија смета дека Џон Траволта ѝ останал верен на црквата и дека има голема моќ таму. Ремини во 2017 година во еден подкаст рекла:

„Траволта ја има ознаката Кхакана, која во суштина значи дека можете да убиете друго човечко суштество. Ако си Кхаканед, ќе се правиш како ништо да не се случило (односно ако си член на понизок ранг)“.

Кога водителот ја притиснал да раскаже дали мисли дека Траволта би можел да се извлече со убиство, Ремини одговорила потврдно и додала:

„Тоа се вика етичка заштита. Постои уште една политика што се вика одговорност кон лидерот, според која мора да направите сè што треба за да го заштитите лидерот. Ако видите тело, мора да направите тоа да исчезне.

Без разлика дали сте славна личност или не, мора да ви дојде памет дека ‘ова не е во ред, го оправдувам моето и туѓото ужасно однесување’“, рекла Ремини во една епизода.

„И познатите личности имаат пристап до информации. Сега нема изговори. Тие се во затворот на сопствениот ум дека не сакаат да знаат, а ако знаат, сајентологијата има механизам на самозаштита што не дозволува луѓето да се посомневаат.“

Од друга страна, Џон Траволта никогаш не криел дека е член на сајентологијата. Еднаш дури и кажал:

„Сајентологијата само ми помага веќе 40 години за време на сите мои загуби – на мојата мајка, мојата девојка, мојот син. Никогаш не ме напуштија, па зошто би сакал да се согласам на нешто што не го чувствувам?“

Но откако починала неговата сопруга Кели Престон, се шушка дека Џон Траволта ја напуштил сајентологијата. Причината? Тие се залагале за природно лекување, односно за лекување со молитва, што според него, довело до тоа неговата сакана сопруга да почине од рак.

Како доказ за неговото оддалечување од црквата е и тоа што ја продал својата вила, која инаку била во близина на нивниот храм, иако Џон Траволта никогаш не коментирал ништо од тоа јавно.

Како починала сопругата на Џон Траволта: Имала само 57 години и никој не знаел за ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.