Роналдо во солзи пред милиони гледачи: Само тој може да ја расплаче фудбалската легенда! (ВИДЕО)

Не може да го прежали

Емотивен момент во емисијата на Пирс Морган

Славниот фудбалер Кристијано Роналдо гостувал во емисијата на Пирс Морган „Добро утро, Британијо!“, во која се расплакал пред милионски аудиториум.

Причината за солзите на фудбалската легенда било прикажувањето на фотографија од неговиот покоен татко, особено видеото на кое Хосе Динис Авеиро гордо позира со многуте трофеи на син му.

Прикажано било и видео од таткото на Роналдо како на влезната врата од својот дом зборува за својот син со многу гордост и љубов пред Европското првенство во 2004 година.

Хосе Динис Авеиро починал една година подоцна на 52-годишна возраст од болест на црниот дроб, предизвикана од алкохолизам. Фудбалската ѕвезда открил дека никогаш нема да прежали што татко му не ги доживеал неговите поголеми успеси, но и раѓањето на неговите четири деца.

Најинтересно било тоа што и самиот Роналдо никогаш досега го немал видено ова видео.

„Никогаш не сум ја видел оваа снимка. Никогаш. Навистина неверојатно“, низ солзи рекол фудбалерот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.