Роџер Федерер: „Мојата популарност е злоупотребена, ако му помогнам некому, ме критикуваат зошто не сум им помогнал на другите“

Тенисерот одговори на критиките на младата Грета

Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која жестоко се залага за борба против климатските промени и зачувување на чистите природни ресурси, редовно им упатува еколошки критики на познатите и звучни имиња.

Овој пат, Грета го искритикува тенисерскиот ас Роџер Федерер, на кого му упати прекор дека дека го спонзорираат компании кои го загадуваат воздухот.

Швајцарецот сигурно не се надеваше на вакви критики, но одлучи да ѝ одговори на младата Грета.

Многу е важно да ги избираш вистинските цели за критики, на кои ќе им ги пренесеш вистинските пораки на коректен начин, а не само да напаѓаш луѓе“.

Тој додаде дека често неоправдано е критикуван.

Мојата популарност е злоупотребена. Ако му помогнам некому, ме критикуваат зошто не сум им помогнал на другите. Но јас не можам да бидам насекаде, ниту да правам сè. Јас сум татко и тенисер“, порача Федерер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.