РЕТКА ГЛЕТКА: Популарниот пејач и славната тенисерка се бакнуваат пред децата (ФОТО)

Семејна фотка

Ана Курњикова и Енрике Иглесијас, кој неодамна наполни 47 години, својот приватен живот со години го држат подалеку од очите на јавноста. Сепак, одвреме-навреме со јавноста споделуваат фотографии од своето секојдневие.

Енрике на 8 мај наполни 47 години, а по тој повод, поранешната тенисерка објави семејна фотографија на Инстаграм, на која парот позира со близнаците Николас и Луси, и ќерката Мери:

Среќен роденден на најдобриот тато. Многу те сакаме“, напиша Ана.

Ана и Енрике се заедно речиси две децении, а во едно од ретките интервјуа мегапопуларниот пејач откри детаљ од нивната врска:

Како и секој друг пар, така и ние имавме подеми и падови. Не беше секогаш совршено се’. Но на некој начин, сепак, е совршено“, истакнал Енрике.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.