Рене Зелвегер си ја отвори душата: „Живеев тажно и мрачно!“

Познатата актерка откри зошто се повлекла од Холивуд

Рене Зелвегер отворено зборуваше за тешките години кои се зад неа во големото интервју за „Ред магазин“, истакнувајќи дека се чувствувала мрачно и тажно, па тоа ја натерало да се повлече од Холивуд некое време.

Актерката веќе шест години е „надвор од играта“, паузирајќи од снимањето филмови. Вели дека ја донела оваа тешка одлука кога станала свесна за фактот дека „гледала во себе и ги превртувала очите“.

Добив неколку лоши совети. Донесов неколку прилично лоши одлуки. Беше многу мрачно. И тажно! Но не гледам на тоа како на губење време, затоа што научив многу во тој период и претпоставувам дека тоа и ми требаше. Научив многу за перспективата. Да ги препознаете различните модели на моето однесување. Да се разбере дека тие можат да доведат до различни последици. И, затоа сум благодарна. Благодарна сум затоа што научив и направив нешто поразлично, започнала Рене.

Се повлекла затоа што почнала да се грижи самата за себе.

Изгледав како да не се грижам за себе. И јас се чувствував така. Си бев досадна самата на себе. Имаше момент кога се чувствував како да седам самата покрај себе, додека снимав филм. Се гледав себеси и превртував со очите, продолжи таа.

Русокосата 50-годишна актерка коментираше и за култната улога на Бриџит Џоунс и не ја исклучи можноста за четвртото продолжение на филмот.

Ако Хелен Филдинг (авторот) сака да го стори тоа, звучи како забавно за мене, коментира таа.

Инаку, кога после долги години изолација се врати на малите и големи екрани и во јавниот живот, публиката практично не ја препозна, а актерката доби голем број критики дека претерала со пластична хирургија.

Таа не се осврна конкретно на овие гласини, освен во една пригода кога изјави дека е „стара и среќна“ и затоа изгледа поинаку.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.