Развратот и лудилото на најголемата холивудска божица: Мажите ѝ јаделе од рака!

И денес се зборува за нејзиниот блуд

Била отелотворение на фаталната жена и станала синоним за филмска дива – талентирана, каприциозна и скандалозна!

Ава Лавинија Гарднер била американска актерка која во 1940-те и 1950-те години жарела и палела на холивудската сцена. Кариерата ја започнала во 1941 година, а за кратко време станала ѕвезда на блокбастери како „Ноќта на игуаната“, „Босоногата контеса“, „Снеговите на Килиманџаро“…

Американскиот филмски институт ја прогласил за една од најголемите актерки на минатиот век, но нејзиниот бурен живот и скандалите што ја следеле сепак најмногу го привлекувале јавното внимание, многу повеќе од нејзините улоги на големото платно.

https://www.instagram.com/p/CE_8d7KlxTY/

Заводничката е родена!

Младата зеленоока убавица со полни, сензуални усни и силен јужњачки акцент имала 18 години кога првпат се појавила на филм. Студиото Ем-Џи-Ем ѝ понудило стандарден договор, па Ава го напуштила колеџот и дошла во Холивуд.

Набрзо откако стигнала во Лос Анџелес, Ава го запознала актерот на Ем-Џи-Ем, Мики Руни. Се венчале во 1942 година во Балард, Калифорнија. Се развеле во 1943 година, најмногу поради распуштениот начин на живот на Руни.

Руни подоцна се фалел дека сексуалниот живот им бил одличен и дека Ава била многу добра во кревет. Кога Ава го чула тоа, духовито му одговорила:

„Па, тој можеби уживал во сексот, но небото знае дека јас не уживав.“

До 1946 година Ава снимила неколку филмови, но дури по улогата во филмот „Убијци“ со Берт Ланкастер станала позната како филмска ѕвезда и секс-симбол. Во тој период многу кратко била во брак со џез-музичарот Арти Шоу, но и таа врска завршила со развод.

Ава добро си ја научила лекцијата од првиот брак, а изгледа дека животниот стил на Руни и нејзе ѝ се допаднала. Некаде во тој период, исчезнува тивката и по малку срамежлива девојка од југот и фаталната жена е родена!

https://www.instagram.com/p/CGjptU_ju3e/

Френк Синатра за малку ќе изгубел сѐ поради неа

Трет и последен пат Ава Гарднер била во брак со пејачот и актер Френк Синатра. Синатра ја напуштил сопругата Ненси за Ава и нивниот брак бил ударна вест во весниците во тоа време.

Синатра го осудувале што ја напуштил својата „добра сопруга“ за „лесна жена“. Тоа се одразило и на неговата кариера, додека за Ава тоа било успех – нејзиниот имиџ на заводничка и секс-симбол бил вкоренет за сите времиња.

Бракот со Синатра бил бурен. И двајцата биле опсесивно љубоморни, се расправале и се смирувале, бурно се разделувале и страсно се враќале еден кај друг.

„Бевме одлични во кревет. Проблемите обично почнуваа уште на патот до бањата“, вака зборувала Ава за врската со Синатра.

https://www.instagram.com/p/CGc_jQADm4G/

Кога дознала дека е бремена одлучила да ја стави кариерата пред мајчинството и абортирала.

„Не можевме да се грижиме ни за себе а камоли за деца“, се правдала подоцна.

Ава зборувала за ова многу години подоцна. Тврдела дека отсекогаш сакала деца, но дека тоа не било вистинскиот момент.

„Да одлучев да го родам детето, платата ќе ми беше многу пониска. Па, од што ќе живеев? Френк во тоа време беше без пари, а јас имав многу договорени филмови“, рекла таа во една пригода.

https://www.instagram.com/p/CGd9cINH1qw/

Ава Гарднер и Ернест Хемингвеј – пријателство засновано на пороци и депресија

По сите скандали, но и ѕвездени успеси што и двајцата ги доживеале на средината на 1950-те, Ава Гарднер и Френк Синатра се развеле по 6 години брак, а актерката одлучила да почне нов живот во Шпанија.

Во Шпанија, Ава Гарднер го запознала славниот книжевник Ернест Хемингвеј. Хемингвеј кој зад себе имал четири брака, веднаш се вљубил во Ава.

Од друга страна, актерката му се восхитувала на неговиот талент, но се зборува дека никогаш не ја пречекориле границата на пријателството. Тогаш ја засакала шпанската корида, а особено тореадорите. Хемингвеј ја запознал со матадорот Луис Мигел Доминго, со кого Ава имала страсна врска.

Мигел бил маѓепсан од Ава и посакал да се ожени со неа по само еден месец познанство. Дури и Хемфри Богарт се запрашал како е можно милион жени да сонуваат за Синатра, а Ава да лудува по „тип во балетанки“.

https://www.instagram.com/p/CGeQO0lHJ0c/

„Тоа беше некакво лудило“, раскажувала подоцна за тој период.

Но и таа љубов имала рок на траење, а единствениот константен маж во животот на Ава ќе остане токму Хемингвеј со кого освен славата, ја поврзувале и бројните пороци кон кои и двајцата биле склони, како и постојаната борба со депресија.

Ава го изгубила својот голем пријател на 2 јули 1961 година, кога славниот писател извршил самоубиство.

„Со љубов, Френсис“

Уморна од скитање, актерката во 1968 година се преселила во Лондон. Повремено снимала филмови, но никогаш повеќе не успеала да ја врати старата слава.

„Би сакала да доживеам 150 години и тоа со цигара во едната и со чаша виски во другата рака“, изјавила Ава.

Сепак, годините поминате во неуреден живот полека ја стигнувале. Многу пушела и како последица на тоа заболела од енфизем, како и од нарушување на имунолошкиот систем. По двата мозочни удари во 1986 година, по кои останала делумно парализирана и врзана за кревет, Ава Гарднер починала од воспаление на белите дробови на 25 јануари, 1990 година на 67-годишна возраст.

Последните зборови на Ава Гарднер биле упатени на нејзината слугинка Кармен и гласеле: „Многу сум уморна!“.

Иако материјалните можности ѝ овозможувале да си го плати своето лекување последните години, за неа се грижел Френк Синатра, кој годишна плаќал 250.000 долари за медицинска помош.

https://www.instagram.com/p/CGQVy_Un7v6/

Кога пристигнала веста дека Ава Гарднер починала, една од ќерките на Синатра го нашла во собата на подот, расплакан и нем. На погребот на актерката една црна лимузина се паркирала зад колоната од 500-те ожалостени.

Никој не излегол од автомобилот. Се претпоставува дека токму тоа бил Френк Синатра. Букетот на гробот на Ава имал едноставна порака: „Со љубов, Френсис“.

Поради неа ја оставил жена му и 2 пати се обидел да си го одземе животот: Најинтригантната љубовна приказна во Холивуд!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.