Развод тежок милијарда долари: Ким и Канје се разведуваат!

Нивниот развод наводно тежи милијарда долари

Изгледа дека Ким не може повеќе да излезе на крај со овој „сопруг од пеколот“.

Најпознатата светска старлета Ким Кардашијан наскоро ќе биде сингл, пренесуваат странските медиуми. Ѕвездата од реалните шоуа наводно се разведува од нејзиниот сопруг, музичарот Канје Вест.

Изгледа дека Ким не може повеќе да излезе на крај со овој „сопруг од пеколот“. Покрај трите деца, на Ким ѝ е доста од тоа да се грижи и за сопругот како да е мало дете. Главната причина поради која ѝ пукнал филмот е неговата зависност од таблети без кои тој веќе речиси и да не може да функционира.

„Животот со Канје е тежок, најблаго речено. Ким ја достигна границата. Тој не ѝ помага околу децата, има изливи на бес, стана тежок зависник од таблети… Откако се роди Чикаго, неговите напади се сѐ почести и посериозни. Ким често се прашува дали животот би ѝ бил полесен без него“, изјавил анонимниот извор.

Од друга страна, пак, Ким во текот на неодамнешната посета на Јапонија уредно ја промовирала новата модна линија на својот сопруг и не давала никакви коментари во врска со нивниот однос. Што се однесува до јавноста, Ким секогаш се држи до една единствена изјава изјава дека сѐ е во ред и дека парот води среќен брачен и семеен живот.

Да се потсетиме и дека Ким и Канје на средина на јануари станаа родители на девојчето Чикаго Вест, а горди родители се и на 2-годишниот син Сент Вест и 4-годишната ќеркичка Норт Вест.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време