Раста: „Вљубен сум! Ќе ја запознам Ана со новата девојка!“

Зошто да не!

Стефан Ѓуриќ Раста (31) во почеток на март постигна договор во Првиот основен суд во Белград признавајќи ја вината за недозволено поседување опојни супстанции и осуден е на домашен притвор, што значи дека една година ќе носи „наногица“ (алка на зглобот на ногата).

Се’ уште не ја носам наногицата. Во тек е процесот на нејзино физичко поставување на мојот зглоб, кога ќе почне и мерката домашен притвор. Наногицата ќе ми го ограничува движењето, но ќе имам можност да одам и да работам во студиото, бидејќи вработен сум таму, директор сум на фирмата. Тоа ми е секојдневна обврска и место на кое поминувам најмногу време“, вели контроверзниот рапер.

Моментално, бившиот сопруг на Ана Николиќ целосно се повлече во својот дом и во студиото, вредно работи и ужива во вистинската и искрена љубов.

Вљубен сум, имам ќерка што ми значи најмногу на целиот свет! Особено сега, кога тазе излегов од притворот и имам чувство дека сакам да ја надоместам сета таа љубов. Сфатив колку е безусловна љубовта за која треба да правам добри нешта во животот. Кога станува збор за љубовниот живот, моментално е статус кво. Посветен сум на самиот себе и на работата. Би смеел да ја запознам Ана со мојата нова девојка, зошто да не, во иднина“, истакна Раста за „Република.рс“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEFAN (@stefanrasta)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.